Освен што е еден од најкомфорните градови за живот, Виена е и еден од „најзелените“ градови во Европа. Но, за да биде тоа така, се ангажираат сите - и жителите и комуналците.
Виенската комунална служба МА 48 отвори продавница за користени производи, техника и гардероба, кои самите жители на Виена ги одделуваат како нешта чиј живот може да биде продолжен.
Во оваа специјална продавница се продава сè по многу поволни цени, а електронските производи имаат и гаранција.
Парите што ќе ги заработат виенските комуналци ги пренасочуваат кон засолниште за животни, па така заеднички функционираат повеќе проекти кои ја прават Виена подобро место за живеење.