X
 11.07.2017 Живот

Историски договор што ќе го спаси светот

Обединетите нации во петокот го усвоија првиот договор со кој целосно се забранува користење на нуклеарното оружје. Додека Северна Кореја продолжува да го тестира својот арсенал на интерконтинентални балистички ракети, одлуката дојде во вистинско време.

нуклеарна бомба
Фото: Pixabay

„Ова ќе биде историски момент и тоа ќе биде првиот мултилатерален договор за нуклеарно разоружување што ќе биде склучен за повеќе од 20 години“, изјавил претседателот на конференцијата на ОН, Илејн Вајт Гомез, за медиумите.

Светот го чека ова со децении. На почетокот на годината повеќе од 2.500 научници од 70 земји потпишаа петиција за тотално нуклеарно разоружување, по што ОН започнаа дискусија за темата.

Во петокот било изгласано формалното усвојување на документот од 10 страници, наречен Договор за забрана на нуклеарно оружје, кој повеќе од 120 земји се подготвени да го потпишат и покрај бојкотот од земјите што се нуклеарно вооружени: САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан и Северна Кореја.

Овие земји предложиле зајакнување на 50-годишниот Договор за нуклеарна непролиферација, кој на пет земји им дава право да го задржат својот деструктивен арсенал: САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина.

Од деветте нуклеарно-вооружени сили, само Северна Кореја не учествувала во гласањето.
Сепак, САД, Велика Британија и Франција објавиле дека немаат намера да потпишуваат затоа што наводната забрана на нуклеарното оружје нема да резултира со елиминација на истото и нема да ја зајакне безбедноста и да донесе мир.

Дали историскиот договор на ОН би бил залуден напор? Извршниот директор на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје, Беатрис Фин, изјавил дека доколку светот се обедини за ова прашање, тогаш земјите што имаат нуклеарно оружје нема да имаат друга опција освен да се приклучат, иако тоа можеби нема да се случи за брзо време.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот