Фото: Project Midas
Еден од најголемите ледени брегови, се одделил од ледениот гребен Ларсен, покажуваат новите сателитски снимки. Масивниот брег е околу 5,800 квадратни километри и тежи околу трилион тони.
Се верува дека се одделил од главниот леден гребен „Ларсен“ откако сателитот на НАСА, кој прави термички слики, покажал како пукнатина која се формирала веќе некое време, конечно се одделила.
Брегот сè уште се нема поместено од позицијата во која е моментално, а причина за тоа можеби се подводните ридови или морските струи и ветрови.
„Одделувањето се случило помеѓу 10 и 12 јули 2017 година, кога ледениот брег со големина од 5,800 километри, се оддели од ледениот гребен Ларсен. Самиот леден брег тежи повеќе од трилион тони“, пишува на веб-страницата на „Project Midas“, која ги опфаќа истражувањата на Антарктикот.
Додека ледениот брег е голем, сепак тој е половина од големината на најголемиот досега забележан, кој изнесува 11,000 квадратни километри. Овој леден брег, во 2000 година се одделил од ледениот гребен Рос и поминал покрај Нов Зеланд шест години подоцна.
Фото: NASA
Самиот леден брег би можел да остане на истата позиција доста време - некои ледени брегови останале на истата позиција цели 20 години, додека други биле однесени од океанските струи како масовен единечен блок или распаднати на помали
брегови.