Мразот на Антарктикот се движи, што значи дека и вистинскиот географски „јужен пол“ во центарот на тој мраз постојано се движи.
Секоја година, тим истражувачи од станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол поставува знак на ново место кое е (помалку или повеќе) моменталната локација на полот. Секако, ова место е точно само еден ден, бидејќи движењето просечно изнесува 10 метри годишно.
Интересно е тоа што оваа традиција трае со децении и секоја година се поставува знак со нов дизајн, кој е дизајниран од претходниот тим таму.
На 1 јануари годинава бил поставен знакот кој сега се наоѓа таму.