X
 09.10.2023 Наука

Еве како изгледа полноќ на Антарктикот

Метју Џордан, кој поголемиот дел од годината живее на Антарктикот, сподели фотографија на која се гледа како изгледа местото на полноќ.

- Сонцето синоќа на полноќ беше неверојатно убаво. Само две недели нѐ делат од почетокот на поларниот ден, што значи дека зајдисонцата и изгрејсонцата наскоро ќе завршат - пишува тој.

Поларниот ден или полноќното сонце е природен феномен кој се појавува северно од Арктичкиот Круг и јужно од Антарктичкиот Круг. За време на феноменот, сонцето е видливо 24 часа во денот. Спротивен феномен е кога сонцето воопшто не излегува, а тоа се нарекува поларна ноќ.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука