Фото: Getty Images
Авионот од компанијата „Air Canada“ слетал на пристапната писта каде што се наоѓале четири патнички авиони што чекале да слетаат. Авионот за малку ќе ја предизвикал најголемата несреќа во историјата на воздухопловството.
Инцидентот се случил минатиот петок откако летот „AC759“ од Торонто до Сан Франциско добил дозвола за слетување, а пилотот го израмнил авионот на пистата каде што останатите авиони чекале дозвола за полетување. Контролорот на летот во последен миг сфатил што се случува и веднаш му наредил на пилотот да го прекине слетувањето.
На интернет се објавени видеосимулација од инцидентот и аудиоснимка од комуникацијата меѓу пилотот и контролорот на летот и уште еден пилот кој се наоѓал во паркираниот авион.
„Гледам светла на пистата“, изјавил пилотот од „
Airbus“, на што контролорот на летот одговорил дека нема други авиони на пистата. Се слуша уште еден глас: „Каде оди овој човек? Слетува на пристапната писта!“