Фотографијата на која наводно се прикажува сантата мраз која го потопила „Титаник“ ќе се најде на аукција веќе следната сабота во Велика Британија, а се очекува да достигне цена поголема од 15.000 американски долари, пишува „Fox news“.
Фотографијата е ставена на акција од страна на „Henry Alridge&Son“, заедно со дополнителен документ. Фотографијата била направена од бродот „Prinz Adalbert“ утрото на 15 април во 1912 година. Несреќата се случила неколку часови подоцна. Во 23:40 на 14 април потонал „Титаник“, а во оваа несреќа животот го загубиле повеќе од 1.500 луѓе.
Екипажот на парабродот од кој е направена фотографијата бил свесен за несреќата, стои во документот кој се продава со сликата. Бродот поминал покрај сантата мраз откако потонал „Титаник“. Катастрофата не им била позната, но на едната страна од сантата се гледало црвена боја, што покажува дека дошло до стругање на брод.