X
 14.07.2017 Култура

Текст од „таткото на медицината“ пронајден во египетски манастир

Во историјата не постои попознат лекар од Хипократ. Многу идни лекари сѐ уште ја даваат неговата заклетва за да се придржуваат до етичките медицински принципи.

манастир
Фото: Getty images

Археолозите веруваат дека пронашле рецепти на древниот лекар сочувани со векови. Имено, додека се вршеле реставрации на манастирот „Св. Катерина“ во Јужен Синај, бил пронајден ракопис што потекнува од 6 век.

Тој содржи медицински рецепт што истражувачите го припишуваат на Хипократовата работа од 5 и 4 век пр.н.е. Тој содржи три рецепти со билки создадени од анонимниот писар.

Ракописот е еден од најзначајните Синајски палимпсести во библиотеката, кои се направени од испружена кожа, многу скапа за производство во тоа време. Обично оригиналната содржина на палимпсестот се бришела за да се пишува нов ракопис. Текстот е испитуван од истражувачи во електронската библиотека „Рани ракописи“ каде што со помош на спектрални слики се читаат палимпсестите и со помош на оваа техника се открива што има под вториот слој, односно што имало напишано пред овој рецепт.

Овој ракопис содржи медицински текстови и ќе биде запишан меѓу најстарите и најважните ракописи во светот.

Манастирот се наоѓа во релативно оддалечен дел од пустината и во него живеат и работат монаси. Библиотеката содржи околу 3.300 ракописи кои главно се напишани на грчки јазик.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура