Монасите што живееле во манастирот во Алкобаса, Португалија во минатото добиле репутација на монаси што јаделе многу.
Манастирот започнал да се гради во 1178 година. До 18 век вишокот килограми на монасите што живееле во него започнале да стануваат проблем бидејќи не одговарале со принципите за послушност и скромност по кои требало да се водат монасите.
Патникот Вилијам Бекфорд во 18 век ја опишал кујната во манастирот. Неговиот запис открива дека во кујната имало многу месо, зеленчуци и овошје, шеќер, брашно, масло и храна во изобилство.
Според историските записи, решението пристигнало во облик на врата. Била изградена врата што била широка само 32 сантиметри. Според приказните, секој монах морал да помине низ вратата еднаш месечно. Не е јасно која била мерката за оние што не можеле да поминат низ
вратата.
Извор:
openculture.com
Фото: Screenshot/Instagram