X
 22.07.2017 Технологија

Каде завршува реалноста, а започнува имагинацијата?

Линијата помеѓу она што значи да се сонува и да се биде буден станува повеќе интересна, вели Џордан Гринхал, извршен директор на компанијата „Неурокракер“. Виртуелната реалност е можеби најлесниот начин да се започне објаснувањето на тој концепт, но тоа е само еден дел од многу поголема технологија.


Нашата свесност за реалноста, како самите припаѓаме во нашата перцепција за светот, може да биде променета лесно преку манипулација со сензори и тоа со технологија од не толку висок квалитет.

Виртуелната реалност може да си игра со нашиот мозок и ние ќе бидеме беспомошни, па нема да можеме да одолееме. Кога имагинацијата ќе надвладее, луѓето едноставно се препуштаат на тоа убаво искуство. Но, тука се ставаат под знак прашалник етичките вредности.

Ако сметаме дека социјалните медиуми ги грабаат нашите животи сега, тогаш не сме подготвени за иднина во која сонувањето и одењето ќе изгледаат слично. Како сето тоа ќе ги измени изборните кампањи, приватните врски, дали ќе бидеме одговорни за сопствените зависности и однесување во иднина? Бидејќи виртуелната реалност ќе се вмеша во тоа како ние гледаме и реагираме на вистинската реалност.

Повеќе детали за оваа тематика објаснува Гринхал на овој линк.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија