Технолошкиот гигант „Гугл“, чии услуги ги користат милијарди луѓе низ светот, има опција што му овозможува тивко да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за други цели. „Гугл“ складира аудио од активноста на корисниците на интернет и во апликациите, вклучувајќи вербални интеракции со пребарувањето, асистентите и мапите за да ги подобри технологиите за препознавање глас.
Но, неодамна технолошки експерт откри код за кој тврди дека може да го спречи „Гугл“ да ги евидентира активностите на паметните телефони на корисниците. Корисниците треба изберат соодветни поставки во „Податоци и приватност“ за да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата.
Технолошкиот претприемач Џефри Кастиљо сподели совет со корисниците на неговиот инстаграм-профил објаснувајќи како можат да ја исклучат функцијата. Имено, потребно е да ја отворите гугл-апликацијата и да кликнете на „Управување со вашата сметка на Гугл“. Потоа изберете „Податоци и приватност“ и одете надолу до „Поставки за историја“ и изберете го делот „Активност на веб и апликации“.
Откако ќе кликнете тука, треба да забележите сина ознака за проверка до делот „Вклучи гласовни и аудиоактивности“. За да се запре „слушањето“ на „Гугл“, неопходно е да ја откажете оваа опција, односно да се отстрани ознаката за проверка.
- Кога оваа поставка за гласовна и аудиоактивност е исклучена, аудиоснимките од гласовните интеракции со пребарувањето, асистентот и мапите нема да се зачуваат на вашиот гугл-профил, дури и ако сте најавени. Ако ја исклучите оваа поставка за гласовна и аудиоактивност, претходно зачуваниот звук не се брише - објаснуваат од „Гугл“.
„Гугл“ тврди дека снима само кратки делови од разговори за да ги користи за да препознава гласовни команди и да дава одговори. И покрај тврдењата на „Гугл“, како и други технолошки компании како „Амазон“ и „Епл“, дека нивните асистенти како Алекса и Сири слушаат само команди, сепак, постои голема загриженост за безбедноста на корисниците.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik