X
 30.07.2017 Образование

Воспитувачи, учители, професори во трка за милион долари


Наставник пред испишана табла
(Фото: Pixabay)

И нашите воспитувачи, учители, професори што работат со деца од 5 до 18-годишна возраст можат да учествуваат во трката за „просветниот Нобел“. Пријавувањето трае до 8 октомври годинава.

Во натпреварот може да учествуваат наставници од сите земји од светот, а победникот ќе освои признание вредно еден милион долари – Глобална награда за наставници (Global teacher prize) за вонредни придонеси во оваа професија.

Признанието е установено пред три години, а се доделува еднаш годишно.

Веќе се смета за „Нобелова награда за наставници“,  која го подигнува угледот и го нагласува значењето на вработените во образовните институции.

На првото натпреварување, во 2015 година, конкурирале повеќе од  5.000 наставници од 127 држави. За оваа година досега се пријавени повеќе од 20.000 кандидати од 179 земји.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование