X
 02.02.2016 Образование

Глупости со кои наставниците мора да се соочат

Доколку разговарате со некој наставник, големи се шансите да ви го дадат истиот одговор за нивниот најголем предизвик во нивната работа.

 

roditeli


Изненадување: Тоа не се нивните ученици, туку родителите.

Секако, постојат родители кои им ја олеснуваат работата, меѓутоа постојат и оние кои се целосна спротивност, и кои успеваат да ги изнервираат дури и најтрпеливите наставници.

Се разбира, намерите на родителите (најчесто) се добронамерни, меѓутоа голем дел од нив имаат нереални барања бидејќи тие не се свесни за тоа дека нивното дете учи во училница во која се наоѓаат повеќе дечиња, и дека нивното дете не е само. Други пак, изненадуваат со нивното ниво на непочитување и некултура.

Некои дури и ги охрабруваат своите деца да бидат некултурни и да ги навредуваат наставниците доколку наставниците само се осудат да им речат да седнат. И овој тренд се влошува.

Постои цела низа на глупости со кои наставниците мораат да се соочат во нивното секојдневие, во нивноот напор да обезбедат образование на децата. Ова е само мала колекција од чудните работи кои родителите им ги кажале на наставниците.

„Родителите ми дадоа дозвола да го удрам, па дури и да го врзам детето, и беа прилично шокирани кога им ги објаснав очигледните причини зошто нема да го направам тоа“.

„Ќе треба да и` даваш да јаде ручек секој ден).

„Со нашите даноци се плаќа вашата плата!“

„Кога ќе го научите мојот син да ги мие забите?“

„Во мојата прва година од работата, еден родител ме малтретираше бидејќи побарав од неговото дете да потпише документ без присуство на родител - нивниот договор за домашните задачи“.

„Не правиш ништо кога моето дете е малтретирано и исмејувано“ - ова е термин кој го користат родителите кога всушност имало само несогласувања меѓу две деца.

„Еден родител се пожали дека нејзиното дете не добило награда на денот на презентации, велејќи дека нејзиното дете работело цела година за ништо“.

„Неговиот ручек треба да биде затоплен секој ден“.

„Тој не пие вода“.

„Сакам моето дете да прави се` што ќе прават другите ученици“ - ова доаѓа од истиот родител, кој после еден инцидент рече: „Немој да го тераш да учи математика, ќе го разлутиш“.

„Имаш премногу пријатели на Фејсбук“ - откако ми го демнеа профилот на Фејсбук.

„Моето дете не направи ништо лошо“ (популарна реченица кај родителите иако тие воопшто не биле сведоци за инцидентите кои ги предизвикало нивното дете).

„Моето дете секогаш ја кажува вистината“.

„Како да го натерам да го направи она што му го велам?“

„Зошто моето дете се`уште не знае да чита?“ (после 5 недели поминати во градинка.

„Зошто моето дете доби 3 на составот кога дома пишува прекрасни приказни?“

„Премногу сум зафатен да читам со моето дете (од родителите се бараше 5 минути или помалку).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование