X
 31.07.2017 Живот

Последната светска потрага по злато се одвива во Италија

Дарио Занети е професор по англиски јазик, а работи на реката Елво, на јужните Алпи, во потрага и одвојување на злато. Истовремено учи и подготвува докторат за археологија, а негова специјалност се кујните во средновековните замоци.

фото извор: CNN

Вели дека не го прави ова за пари, иако признава дека го зафатила „златната треска“. Пред две години неговата мајка го изненадила со курс за одвојување злато. Во Италија, каде што го работи тоа, златото се појавува од глечерите кои се топат на Алпите, а се наоѓа во песокот кај реката Елво.

Ридовите над реката се создадени од човекот и се составени од милиони карпи и камења кои локалните жители ги одвојувале од „златниот“ песок. Златото што го пронаоѓале во регионот ѝ помагало на Римската Република да се финансира при освојувањето на Пиринејскиот Полуостров.

Атмосферата на реката дури наликува на пикник. Сонцето сјае и луѓето постојано разговараат додека си ја вршат работата. Прво мора да се открие каде најверојатно има злато, каде реката се проширува и во кој дел од песокот може да се пронајде. Потоа се полни садот со песок, се отстрануваат поголемите карпи и потоа се носи садот во реката. Садот се ротира, оставајќи ги златните честички да се „измијат“ и златото се издвојува.

Во регионот може да се земат до 5 грама злато дневно, но оние што се занимаваат со тоа велат дека шансите за такво нешто се многу мали. Просечната заработка дневно е максимални 4 долари.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот