Јапонија го создава најбрзиот суперкомпјутер на светот, со што се надева дека ќе прерасне во глобално место за истражување на вештачката интелигенција.
фото извор: dunyanews.tv
Се очекува суперкомпјутерот да функционира со голема брзина, односно ќе може да изведе 130 квадрилиони калкулации во секунда.
Суперкомпјутерот ќе може да се употребува во различни области – ќе им помага на компаниите за развој на роботиката, дијагностиката и вештачката интелигенција воопшто. Тоа не значи дека суперкомпјутерот нема да се употребува и за помали секојдневни иновации.
Креаторите велат дека веќе не е важно кој
компјутер е најдобар на светот, туку целта е креирање средина во која сите нови апликации ќе можат соодветно да се употребуваат и ќе се создаде машина која ќе нуди повеќе можности.