Водородните горивни ќелии се позелен начин за напојување на возилата. Но, тие исто така беа и премногу скапи. Сега тоа почнува да се менува - минатата недела Германците се качија на првите возови во светот напојувани од водород.
- Секако, водородниот воз е поскап од дизел-возот, но поевтино е полнењето - вели Стефан Шранк, проект-менаџер во компанијата „Алстом“, која ги изгради возовите.
Фото: Alstom
Новите возови пренесуваат патници по патеката долга 100 километри и може да патуваат 1.000 километри со едно полнење на резервоарот со водород, достигнувајќи максимална брзина од 140 километри на час.
Водородните горивни ќелии генерираат електрична енергија со комбинирање на водородот со кислород, а нивниот единствен нуспроизвод е водата. Тоа ги прави ќелиите ветувачки извор на енергија што произведува нула емисии и малку бучава.
Иако остануваат скапи, водородните горивни ќелии имаат поголема предност од батериите. Наместо повторно полнење, може само повторно да ставите гас или дизел-мотор. А бидејќи возовите работат на распореди, полесно е да се изгради инфраструктура за полнење на горивото.
Новите истражувања помагаат да се намалат трошоците за водород, а изворот на гориво веќе се користи насекаде во светот за да ги напојува автобусите и автомобилите. Возовите се многу потешки, но затоа нивното напојување со водород наместо со дизел би намалило многу повеќе емисии на јаглероден диоксид.
Доколку оди добро со првите два воза, „
Алстом“ се надева дека ќе додаде уште 12.