Германската влада минатата седмица донела одлука за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со помали примања и за студентите. Тие летово ќе добијат еднократна субвенција за покривање на трошоците за греење.
Со оваа мерка владата сака да им помогне на граѓаните да ги покријат трошоците за греење и сместување бидејќи трошоците за греење за една година се зголемиле за дури 35 отсто. Според мерката, субвенција би добиле 2,1 милиона жители, од кои 485.000 се студенти.
Фото: Pixabay
Сите студенти нема да може да добијат ваков надомест, туку само оние со студентски долгови и кредити и оние што примаат финансиска помош.
Студентите ќе добијат еднократен износ од 115 евра во текот на летото, додека субвенциите за семејствата се повисоки. Оние што живеат сами ќе добијат 135 евра, а едно двочлено семејство ќе добие 175 евра. За секој дополнителен член во семејството Германија доделува 35 евра.
Извор:
Moj faks
Фото: Pixabay