X
 28.11.2016 Образование

Најдобри факултети по архитектура во Европа

Да станете добар архитект е тежок предизвик, особено кога сакате да изберите најдобар универзитет за архитектура. Ако размислувате за образовна институција во Европа, постојат многу опции, а универзитетите обично се слични во однос на нивните програми и цели. За да ви помогнеме да го стесните вашиот избор да ги најдете најдобрите факултети за архитектура во Европа, ви нудиме листа со првите десет универзитети врз основа на четири критериуми: достапни програми, услови и барања за прием, програми за размена и можност за практиканство/работни места.


архитектура


1. Асоцијација на архитекти, АА

Основана во 1847 година, „АА“ се смета за еден од водечките школи за архитектура во светот. Се наоѓа во Велика Британија, а во просек прима 81 студенти годишно. Факултетот ги охрабрува студентите да ја користат нивната имагинација да создаваат иновативна работа со која ќе се истражуваат можностите за идна кариера на архитектурата и уметност. Експериментирањето се користи во рамките на различните истражувачки области кои тие ги нудат што претставува нивна основна наставна програма за тоа како студентите созреваат во рамките на програмата за архитектура.

Факултетот обезбедува широк спектар на места во нивната програма за размена, која дава можност на студентите да студираат во странство на различни места. Асоцијацијата исто така, има мрежи на архитектонски фирми кои можат да им помогнат на студентите да се стекнат со искуство за практикантска работа или работа по завршувањето на студиите.

Идните студенти кои сакаат да конкурираат на оваа институција треба да изберат конкретен курс и да ги видат условите за упис кои може да се најдат на нивната веб-страна.

2. Универзитет „Roma Tre“


Лоциран во Рим, „Roma Tre“ Универзитетот е архитектонска школа која се фокусира на усогласување на историјата на градот со сегашната архитектура. Од 1992 година, ова млада школа има стекнато меѓународна репутација како еден од најдобрите факултети по студии за архитектура, што се фокусира на три области: дизајн на архитектура, урбанизам, и реставрација. Во просек 230 студенти годишно се запишуваат, а барањата за прием се прилично едноставни.

Потребна ви е диплома за завршено средно образование заедно со доказ за познавање на италијанскиот јазик. Иако е млада институција, „Roma Tre“ има огромна мрежа на луѓе што се однесува на програми за размена и обезбедување на работни места или практикантска работа за студентите по дипломирањето.

3. Technion- Израелски Институт за технологија

„Technion“ започна со настава во 1912 година, а со тоа се смета за најстарата школа за архитектура во Израел. Се наоѓа во градот Хаифа, а студентите се во можност да учат за урбаната структура за регионот и за околните граници на градот. Условите за запишување се тешки, се бара диплома од средно училиште, умеење да зборувате хебрејски и полагање на приемен испит. Доколку успешно се запишете, како студент ќе изучувате архитектура во средина која се смета за добро место за учење и фокусирање.

Студентите исто така си помагаат едни на други, а ова помага да се донесе позитивна атмосфера во програмата, а и владее добар однос со професорите. Контактите со странство го олеснува процесот на наоѓање на можности за практиканство или идно вработување.

4. Универзитетот во Порто

Лоциран во градот Порто, Португалија, атмосферата на градот е одлична можност за студентите да студираат архитектура во Порто. Основан во 1979 година, факултетот нуди широк спектар на програми кои користат педагогија и традиционални методи на рачно цртање, а потоа премина на софтверски програми, што студентите почнаа да го користат во текот на третата година.

Условите за прием се благи, се бара диплома од средно образование и добро познавање на португалскиот јазик. Во просек, Универзитетот Порто прифаќа 150 студенти во програмата за архитектура секоја година. Во рамките на школата фокусот не е на одреден аспект на архитектурата, туку малку од сeкоја област. Градот Порто им дава на студентите можност да имаат подобро разбирање за архитектурата.


Делфт


5. Технички Универзитет Делфт

Основан во 1904 година, Универзитетот во Делфт се смета за еден од најдобрите факултети за архитектура во Европа, што се должи на нивниот Факултет за Архитектура и градење на животната средина. Со локација во Холандија, архитектонската школа прима во просек 450 студенти годишно. Програмите во рамките на школата се разликуваат од урбанизам до градење на науки, дозволувајќи им на студентите да го свртат својот интерес на одредени студии.

За да бидат примени на Универзитетот, потенцијалните студенти мора да имаат диплома од средно образование и да имате познавање по холандски и англиски јазик. Постојат неколку програми за размена што студентите можат да ги искористат, но школата за архитектура е најдобро позната по проучувањето на урбанизмот. Универзитетските професори на студентите им обезбедуваат силни контакти со професионалци, што би им овзоможило наоѓање на идни работни места.  .

6. Политехнички Универзитет во Мадрид

Во Мадрид, Шпанија, овој Универзитет е познат како престижна школа, каде што многу од најдобрите архитекти во Шпанија студирале. Основана во 1848 година, школата за архитектура запишува во просек од 3.900 до 5.000 студенти годишно. Со оглед на тоа што е голем Универзитет, студентите велат дека им е потребно време да ги користат алатките што може да им помогне за работа на проекти и поради таа причина конкуренцијата е голема. Но, тоа им помага на студентите да се подготват за реалниот свет. Повеќето од професорите се добро познати архитекти, па затоа студентите имаат тешкотии да изградат врски со нив.

Постојат неколку програми за размена што студентите можат да ги искористат за стекнување на искуства. Но, структурата на наставниот план на Универзитетот има такви големи очекувања од страна на студентите, така што тие се чувствуваат подобро доколку се подготвуваат за време на предавањата. Универзитетот активно не промовира професионална мрежа, така што студентите мора да преземат иницијатива да создаваат односи за да си обезбедат работни места.

7. Политехнички Институт во Торино

На Политехничкиот Институт во Торино, околу 630 студенти се запишуваат на студиите по архитектура секоја година. Основан во 1925 година, Универзитетот нуди главен фокус на односот меѓу архитектурата и контекстот, поттикнувајќи ги студентите да направат избор за која област сакаат да специјализираат, додека сé уште се фокусираат на целокупниот поглед на архитектурата. Условите за прием на факултетот се: диплома за средно образование и полагање на приемен испит.

Студентите се ограничени за можности за вработување, се до завршувањето на магистерски студии каде паралелно работат во архитектонски фирми што Институтот ги нуди. Сепак студентите имаат голема можност да искусат програми на размена.


Швајцарија


8. Швајцарски Федерален Институт за технологија, DARCH

Станува збор за еден од водечките школи за архитектура во светот каде студентите се подготвуваат за техниките за технологија и градежништво. Се запишуваат во просек 1.600 студенти годишно. Студентската програма следи структура на наставна програма што им овозможува на студентите да стекнуваат искуства со пракса во архитектонски фирми и преку програми за размена.

Магистерските програми се многу ригорозни, но се сметаат за најпочитувани во светот. Условите за прием се да имате диплома за средно образование, полагање на приемен испит и познавање на германскиот јазик.

9. Кралската Академија за ликовни уметности во Данска


Факултетот за архитектура стана дел од Данската Кралска Академија за ликовни уметности што им помогна на студентите да имаат разновидност во рамки на курсевите. Основан во 1754 година школата има широк спектар на програми, но условите за упис се строги затоа што се бара од студентите познавање на дански, норвешки и шведски јазик и поседување на диплома од средно образование.

Студиите по архитектура се комбинираат со предмети од други видови на уметност. Во просек на Академијата се запишуваат од 1.050 до 1.700 студенти секоја година. Како дополнување академијата нуди широк спектар на области, така што студентите имаат можност да бираат меѓу повеќе предмети вклучувајќи: одржливост, урбано планирање, напреден дигитален дизајн и градежништво. Исто така студентите добиваат бенефиции од различните програми за размена и архитектонските компании со кои Академијата соработува. 


Бартлет, Лондон


10. Факултетот за архитектура Бартлет


Лоциран е во централен Лондон, а основан во 1841 година, школата за архитектура историски е една од најистакнатите образовни институции во Европа. Околу 200 студенти се запишуваат на програмата по архитектура, а знаењето го стекнуваат во атмосфера на експериментални и теоретски истражувања. Студентите имаат можност да специјализираат и да студираат различни области на интердисциплинарните студии.

Факултетот за архитектура исто така овозможува одлична соработка и градење на контакти со архитектонските фирми што се во градот. За упис на факултетот неопходна е диплома за средно образование и познавање на англискиот јазик.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование