X
 04.10.2019 Живот

Повеќе од 2 милиона животни настрадале во пожарите во Боливија

Во споредба со катастрофалните пожари што ја зафатија бразилска Амазонија, за приближно 34.000 пожари, кои Боливија ја чинеа повеќе од 2,3 милиона животи, се знае многу помалку.

Не сите животни имаат можност да побегнат од пожар. Во Боливија милиони животни настрадале од шумските пожари што беснееја во регионот, вклучително и во Амазонија.

Според научниците, повеќе од 2,3 милиона животни исчезнале во пламените јазици што ги зафатија заштитените шуми и тревните подрачја, како што се тропските савани Чикитанија во Боливија.

Боливија ја погодија приближно 34.000 пожари, што е 75 отсто повеќе во споредба со минатата година, a како главни виновници за пожарите се посочуваат земјоделците кои работат на расчистување на имотите за посеви, како и екстремно сушните периоди, истакна Серхио Васкез, менаџер за реагирање во катастрофите од Светската заштита на животните.

- Според мене, ова е најголемата катастрофа што ја доживеа Боливија - изјави Васкез.

Тој објасни дека многу од поголемите животни имале подобри шанси да избегаат од пожарот, но дека ни тоа не значи дека баш сите успеале. Околу 500 јагуари се сметаат за мртви или бездомни во Бразил и Боливија, покажуваат податоците на „Пантера“, глобална организација за заштита на овие животни. Овој број е алармантен поради тоа што овој вид на животни веќе се смета за загрозен.

Во пожарите настрадале оцелоти, жаби и мравојади. Помалите и побавни организми, како инсектите и рептилите, биле особено загрозени. Дури и цицачите, како што се мрзливците и армадилите, биле во сериозна опасност, иако имаат способност да копаат подземни тунели и така да преживеат.

Катастрофата од овие размери ги натерала истражувачите да оформат привремена болница за засолнување на оние животни што ги преживеале пожарите. Ситуацијата во Боливија не се разликува од онаа во бразилска Амазонија.

Животните што настрадале во пожарите во Боливија се клуч за одржување на нормалното функционирање на екосистемот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот