Државните универзитети се единствените бесплатни високообразовни институции во Бразил, но тоа не е толку добро како што изгледа.
Бразил е земја поделена на екстремно богати и екстремно сиромашни жители. Високото образование е за оние првите, иако е бесплатен.
Речиси сите матуранти кои ги положуваат приемните испити за факултет во земјата се богати, бели матуранци чии родители имале доволно пари за да ги испратат своите деца во приватни средни училишта.
Така, луѓето кои најмногу може да си дозволат за да плаќаат за високото образование го добиваат бесплатно, додека оние кои не можат да го дозволат не добиваат шанса да се запишат на факултет, иако студирањето е бесплатно.
Оваа поделба била еден од проблемите кои ги поттикнаа протестите во 2013 година, пред Светското првенство во фудбал.
Проблемот со нееднаквоста во високото образование започнува во основното и средното образование, кое не е доволно квалитетно за тие 200 милиони жители.
Бразилските универзитети никогаш досега немале толку многу кандидати како сега. Дури 7 милиони жители се академски граѓани во земјата.
Големиот интерес е поврзан со финансиите. Имено, жителите кои имаат диплома заработуваат 2,5 повеќе од оние со средно образование.
Поради тоа, се забележува и напредок на приватните универзитети. Дури 5 милиони од студентите се студенти на приватни универзитети.
Така на крајот Бразил останува со студенти кои се богати и бели. 68% од студентите во Бразил се белци. За споредба, 48% од жителите на Бразил се категоризираат како такви.
Се смета дека повеќе од половина од студентите во Бразил се откажуваат од студиите без да добијат диплома.
Владата има програми кои имаат цел да ги решат овие проблеми, меѓу кои програми за стипендии и грантови за сиромашните матуранти. Освен тоа, владата започна со имплементирање на проект со кој испраќа 100.000 најдобри студенти во странство со надеж дека истите ќе се вратат и ќе ги подобрат бразилските универзитети.
Рано е да се измери ефективноста на овие програми, но владата се надева на најдоброто.