X
 12.08.2017 Технологија

Студенти, се ближи крајот на плагијаторството

плагијат

Ботот „Ема“ е креација на Александар Марченко, професор по компјутерски науки, и претставува првата веб-апликација за идентификација на авторските права низ светот. Дајте ѝ најмалку 5.000 збора од некое пишано дело и „Ема“ ќе искористи повеќе од 50 математички параметри за да дознае кој го напишал.

„Ема“ нуди 85% точност, највисокиот процент што инженерите можеле да го постигнат.

Марченко вели дека технологијата комбинира обработка на природниот јазик и учење на машината со техники на стилометрија, истражување на лингвистичкиот стил чии корења потекнуваат од 15 век.

Додека листата со потенцијални корисници се движи од новинари и правници до историчари и ФБИ, една од примарните таргет-публики се едукаторите. Наставниците и професорите можат да ги искористат вештините на овој бот за да утврдат плагијаторство за кое можеби се сомневаат во задачите на студентите.

Со оглед на тоа што голем број студии во текот на изминатите 10 години открија дека насекаде во светот меѓу една третина и една половина од средношколците признале дека извршиле плагијаторство, алатка како што е „Ема“ би можела да има големо влијание врз образованието.

Исто така, ботот е чекор напред од основното „cut-and-paste“ пребарување на „Гугл“, на што многумина од наставниците се потпираат.

Постојаните поплаки од едукаторите и истражувачите за ефикасност на софтверот што моментално е на пазарот се поврзани со технологијата која може да утврди паралели на текстот преку скенирање, но не и реален плагијат.

Способноста на „Ема“ да утврди авторство со таква висока точност треба да го намали бројот на случаите на плагијаторство.

Доколку сакате да ги тестирате способностите на „Ема“, таа моментално е во бета-верзија. Има едно правило - да не мамите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија