X
 15.08.2017 Култура

Кога во светот би завладеал мир барем на осум дена...


Дете со автоматска пушка во рацете
(Фото: Pixabay)


Кога и да имаме можност, сите ние ги пренесуваме контрадикторните примери на денешниот свет што се однесуваат на трошењето огромни суми пари на нешто што е ненужно, излишно и условно неопходно, на оружје, наместо на она „другото“, егзистенцијалното, како храна и образование.

Така неодамна во твит на еден научен магазин (scienmag) се појави една илустрација која ја покажува целата лудост и непромисленост на „фрлањето“ пари за вооружување и воена опрема.

„Кога цел свет би престанал да троши пари за воени потреби барем на осум дена, би можеле да обезбедиме бесплатно и квалитетно образование за секое дете на планетава во наредните 12 години“.

Во оваа констатација можеби лежи и еден од круцијалните одговори на хипотетичкото прашање „Зошто во светот не владее мир, барем на осум дена“.

Само за споредба, според резултатите од студијата на стокхолмскиот Институт за мировни истражувања (Sipri) за 2015 година, само САД за вооружување издвоиле 596 милијарди долари!


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура