X
 08.02.2024 Образование

Ученичка заклетва од 1914 година - текст кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

На социјалните мрежи се појави легендарната „Ученичка заклетва“, која датира од пред 110 години, поточно од 1914 година.

Заклетвата е објавена во списанието „интерФОН“, кое е покренато на иницијатива на студентите на белградскиот Факултет за организациони науки.

Многумина велат дека оваа практика треба итно да се врати во училиштата.


Тоа беше поинакво време

„Се колнам дека нема да уништувам дрвја и ветувам дека нема да плукам на подот и во училиштето, ниту дома ниту на улица, ветувам дека нема да ги оштетувам оградите и да им нанесувам штета на градбите, никогаш нема да фрлам хартии или какво било ѓубре на улица, секогаш ќе бидам пристоен, ќе ги штитам птиците, ќе ги чувам туѓите имоти како што би сакал другите да го чуваат мојот, ветувам дека ќе бидам чесен и праведен граѓанин“, се вели во заклетвата.

„Ова треба повторно да се врати во училиштата“, сметаат некои.

Извор: Buka

Фото: interFON

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование