Градинката наречена „Ring around a tree“ е отворена градинка на покрив која се наоѓа во Токио, Јапонија.
Во оваа градинка, децата имаат неограничен простор за учење и играње. Градинката нема ѕидови туку мебел со кој се одделени училниците.
Со оглед на тоа што децата често пати се вознемируваат и стануваат анксиозни во затворен и тивок простор, градинката се води според мотото: „Дај му ја на детето слободата да се движи и способноста да донесува сопствени одлуки“.