X
 05.10.2016 Образование

Како функционира образовниот систем во Германија?

Главните насоки со кои се регулира образовниот систем во Германија се во рацете на федералното министерство за образование и наука.

Секое дете се вклучува во образовниот систем на 6-годишна возраст и да исполни барем 9 години образување. Но, големиот дел од политиката на образование во Германија е во доменот на 16-те германски покраини, што значи дека постои варијација од место во место.

Првите години од образованието

Родителите во Германија имаат опција да го вклучат своето дете под тригодишна возраст во градинки или да обезбедат приватна установа за згрижување на децата или пак, да најмат дадилка. На возраст од три и шест години, децата исто така можат да посетуваат градинки наменети за таа возраст.

Во Германија има многу избор на детски градинки, особено се интересни оние кои наставата ја одржуваат на отворено. Дечињата поминуваат многу време надвор и учат за природата. Другите градинки пак, се фокусираат на интернационално образование и нудат инструкции за дополнително изучување на јазици, како на пример англискиот.

Кога дечињата ќе наполнат шест години, германската влада бара да започнат со основно образование. Школскиот ден обично трае до пладне а децата во просек поминуваат 20 до 30 часа неделно во основното училиште. Овој процес трае се додека не наполнат десет години, односно не стигнат до четврто одделение. Тогаш родителите и наставниците вршат евалуација на постигнатите резултати на децата и одлучуваат кое училиште најмногу ќе му одговара за следната фаза од образованието.

Разлики во споредба со Северноамериканскиот модел

Германскиот образовен систем се разликува од Северноамериканскиот во неколку клучни моменти. Школските денови во Германија траат пократко заради тоа што поголемиот дел од дечињата одат на училиште само наутро, а е реткост да бидат понудени активности по наставата. Има неколку училишта во Германија кои функционираат во текот на цеиот ден, но тие се исклучок.

Друга разлика е тоа што учениците во втората фаза од образованието се поделени во различни школи во зависност од нивните интереси и постигнати резултати.

Во Германија постојат четири главни опции за средното образование :

Hauptschule – учениците го посетуваат ова училиште од петто па до деветто или десетто одделение. Учениците ги имаат истите часови и предмети како и другите училишта, но се фокусираат повеќе на стручна обука.

Realschule - овде уште повеќе се обрнува внимание на стручната обука, а учениците можат да посетуваат и тренинзи во Berufschule.

Gymnasium – Оние ученици кои планираат да продолжат со образованието на универзитет, ова е нивниот најдобар избор. Обично го посетуваат од петто до тринаесетто одделение. Се работи за училиште кое нуди различни предмети како хемија, биологија, физика, историја, филозофија, компјутерски науки, математика, странски јазици и слично.

Gesamtschule – сеопфатно училиште во кое се запишуваат ученици со било какви академски способности и награди.

Учениците во Германија исто така можат да се запишуваат и во приватни училишта, во кои обично се наплаќа школарина. Постојат и голем број на интернати, како и интернационални училишта, кои нудат курсеви по англиски јазик.

По средното образование учениците можат да се запишат во :

Berufschule – учениците тука имаат можност и за стажирање, а потоа откако ќе ги поминат финалните тестови, добиваат сертификати за одредена работа.

Universities – Оние кои завршуваат гимназија се запишуваат на универзитетите. Постојат неколку различни модели на универзитетско образование. Во минатото, студентите учеа шест години на универзитетите, а сега образованието е сведено како и во поголемиот дел на Европа, на четири години. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование