Гласањето на Британија за напуштање на ЕУ е еден од најшокантните политички настани во западниот свет во последните неколку децении.
Тоа беше првпат некоја држава да одлучи да го напушти европскиот сојуз, формиран во 60-те. Потегот на Британците предизвика лавина коментари од критичарите дека и други нации би можеле да тргнат по стапките на Британија.
Додека заминувањето на Британија од Еу е несомнено најголемата поделба на која сме биле сведоци во поново време, постојат движења низ цела Европа што можат да предизвикаат физичко отцепување на цели нации.
Сега активистите за независност на Шкотска, гласно повикуваат на втор референдум за отцепување од Велика Британија откако првичното гласање било отфрлено од населението во 2014 година.
Во изданието од 2017 година, на годишниот „ТransformingWorld“ атлас - кој користи мапи и други визуелизации за илустрирање на главните глобални прашања.
„Многу области во
Европа имаат силни сецесионистички движења (Шкотска, Каталонија, Баскија, Фландрија, Венето) и имаат политички партии кои агитираат за поголема владејачка автономија“, пишуваат авторите на извештајот.