Фото: Printscreen/YouTube
Во светлината на расистичките протести во американскиот Шарлотсвил овој викенд, на социјалните мрежи масовно започна да се шири антирасистичко видео.
Видеото било снимено во далечната 1947 година, а реториката што се јавува во него морничаво потсетува на реториката на американските бели супернацисти денес. Трае 17 минути и се вика „Don't be a Sucker“. Било продуцирано од страна на Одделот за војна набрзо по завршувањето на Втората светска војна.
Пред 70 години, во периодот кога филмот бил снимен, училиштата во Америка сè уште биле расно сегрегирани, но по дивеењето на
расистите во Вирџинија минатиот викенд, филмот и понатаму е доста важен.