X
 03.10.2015 Живот

Работи кои важат на работното место, а ги знаеме уште од градинка

Старата поговорка вели „човекот учи додека е жив“. Но, некои важни работи за животот се учат уште во текот на раното детство.

Постојат некои работи коишто сме ги научиле уште додека сме биле во градинка, и постојано им се повторувани на децата. Но, се чини дека важат за секој возрасен човек.

- Секогаш обиди се да направиш нешто сам пред да ја прашаш твојата учителка.

- Треба да го покажеш она што го знаеш.

- Можеш да станеш добар во нешто само ако вежбаш.

- Не е добро да бидеш злобен и лош кон другите, дури и ако воспитувачката од градинката не гледа што правиш.

- Добро е да читаш со постарите деца.

- Треба да имаш на ум дека се` што читаш не е вистина.

- Слушај додека другите деца зборуваат.

- Постојат многу работи кои треба да ги научиш.

- Не треба да ја извршуваш задачата во последен момент.

- Луѓето не сакаат да слушаат колку си ти паметен, сакаат да слушнат колку се тие паметни.

Ако другите деца ги замениме со колеги, а учителката или воспитувачката со шефот, тогаш јасно е за што станува збор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот