X
 17.08.2017 Образование

Фото: Како помина првиот ден од уписите на УКИМ

upisi

Повеќе од 10,000 слободни места ги чекаа матурантите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Аплицирањето за првиот уписен рок е денес и утре. Студентите уште од утрово започнаа да ги доставуваат своите документи на факултетот на кој сакаат да се запишат.

Според Конкурсот, на првиот циклус студии слободни се 10,818 места - 5,865 се резервирани за редовни студенти, 3,793 места за редовни студенти со кофинансирање и 1,160 места за вонредни студенти. Вториот уписен рок ќе биде на 4 септември, додека третиот на 15 септември.

Низ фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата денес за време на уписите на УКИМ.

Што е пресудно при изборот на факултетот, афинитетите, платата или брзото вработување?

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование