X
 30.08.2017 Живот

Лажните фотографии од ураганот „Харви“ што кружат по интернет

lazni
Фото: Twitter

Постои тренд на лажни фотографии што се споделуваат онлајн во пресрет на какви било елементарни непогоди, а обично се споделуваат заради внимание и ретвитови.

Ваквиот тренд започна со терористичкиот напад во Манчестер во мај, а продолжи и со доаѓањето на ураганот „Харви“ во Хјустон.

Градот во Тексас е поплавен од невремето. Најмалку пет лица загинале како резултат на ураганот.

И покрај ова, лажните слики, наводно направени во Хјустон, продолжуваат да се појавуваат на социјалните медиуми.

Некои од нив покажуваат како аеродромот во Хјустон е целиот под вода. Првично била споделена од твитер-профилот „Breaking News“, но поради критиките, профилот ја избришал фотографијата.

За ситуацијата да биде уште полоша, се појавија фотографии од аеродромот што покажуваат дека е прилично сув внатре, меѓутоа, патниците се замрзнуваат.
Друга фотографија прикажува како ајкула плива покрај автомобил.  

И на крај, уште една лажна фотографија што е доста споделувана, која покажува во каков хаос се наоѓа Хјустон.

Ако видите некои сомнителни фотографии од Хјустон на социјалните медиуми, размислете уште еднаш пред да се одлучите да ги ретвитнете.

Имајте ги во предвид луѓето што ги загубиле животите поради поплавата и илјадниците луѓе што останале без својот дом. Покрај тоа, вистинските фотографии се далеку пошокантни од било која фотографија направена на „Фотошоп“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот