X
 11.02.2024 Живот

Овој фотограф успева да направи неверојатни фотографии од арктичките животни

Фотографот Конста Панка бил само тинејџер кога ја трансформирал неговата страст во кариера со полно работно време.

Инспириран од неверојатниот див свет што ја опкружува Финска, тој успеал да се спријатели со семејство лисици. Иако неговата работа често го носи на далечни места, за него најпривлечна е Северна Европа и животните што живеат таму. Ова може да се забележи и во неговите фотографии од дивиот свет, особено во зимските периоди. Од поларни мечки до арктички лисици, Панка вели дека би ги издржал и најекстремните температури за да направи убави фотографии од овие зимски животни.

Кога е во потрага по совршена фотографија, температурите можат да се спуштат и до -40 степени. Ова значи дека тој и неговата опрема мора да се подготвени за вакви екстремни зимски услови. Некои од најпредизвикувачките моменти со кои се соочил била потрагата по арктички лисици за кои вели дека се едни од најтешките зимски животни за фотографирање.

- Нивното следење во зимскиот пејзаж често може да потрае по неколку недели. Дури и кога евентуално ќе ги најдете, мора да се погрижите да не го забележат вашето присуство. Ова значи долги денови лежење на снегот - вели тој.

За среќа, неговата трпеливост се исплати. Во продолжение погледнете неколку од неговите неверојатни фотографии.







Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот