X
 30.08.2017 Култура

Туристички хит: на само 500 метри од Северна Кореја


Скршен мост
(Фото: Thinkstock)


Голем број кинески туристи го посетуваат градот Дандонг само за да видат делче од Северна Кореја и да им мавтаат на комшиите.

Верувале или не, кинеските туристи одат во овој навидум неважен  град само за да можат со телескоп да ги набљудуваат прочуената Северна Кореја и нејзините жители.

Дандонг е пограничен град со околу 800.000 жители и моментално е поголема туристичка атракција од Кинескиот ѕид затоа што само на 500 метри, преку реката Јалу, се наоѓа севернокорејското гратче Синуиџу.

Туристите се особено среќни ако успеат да му мавнат со рака на некое лице од другата страна на мостот или ако воопшто видат некој жител на овој град.

„Сега ѝ е ред на сестра ми да гледа“, рече една Кинеска со двоглед, а потоа радосно извика: „Ги видов!“

Ниски згради во сива боја главно се првиот впечаток што туристите од другата страна го создаваат за градот, а колку се посветени Кинезите да пријдат што поблиску, сведочат и речните тури со бродови од каде што туристите можат да го фотографираат градот.
Подготвил: Б.Б.

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура