X
 23.02.2018 Живот

Најубавата панорама: Поглед од десното рамо на Исус

На десното рамо од статуата на Исус во Рио де Жанеиро има задна врата. Ако погледнете оттаму, тогаш го гледате светот од очите на птица, па дури и на Бог. Долу се познатите фудбалски стадиони, куќите на жителите, високите луксузни згради, песокот на Копакабана и Ипанема и безграничниот Атлантски Океан.



Статуата на Исус е дело на човекот и нема да трае засекогаш. Секојдневно е посетувана од 5.000 луѓе. Туристите доаѓаат дури од 8 часот наутро за да ја фотографираат и да уживаат во погледот. Во внатрешноста е студено поради бетонот од кој е направена, па кога работниците влегуваат внатре за поправки, не чувствуваат топлина.

Внатре има 12 ката и секој изгледа како напуштен, прашлив магацин. Но, на високите нивоа се наоѓа срцето, кое е прекриено со истиот камен како и надворешноста на статуата. На последниот дел од скалите има вертикална скала која води до тунелот во раката на статуата. Темен пат потоа се протега и до прстите.



Молњите се честа појава во овој град, па на годишно ниво од 2 до 4 молњи удираат во статуата, но повеќето од нив не предизвикуваат штета. Како што статуата станува сè постара, а невремињата сè поголеми, можно е многу почесто да бидат потребни поправки. Но веќе нема од оригиналните камења со кои е направен мозаикот на површината, па постои можност статуата да биде обновена со потемна нијанса на камен. Архитектите што работаат на реставрацијата на статуата велат дека е многу тешко да се најдат слични материјали како оригиналот, а различните камења нема да изгледаат естетски.

Следното големо реновирање се очекува да биде во 2020 години, 10 години по последното. Уште не е одлучено колку камења ќе бидат заменети, но сигурно се знае дека ќе имаат потемна нијанса.


Оригиналната идеја за градење споменик во чест на Исус дошла од група Бразилци кои за време на Првата светска војна се плашеле од големиот наплив на неверување. Црквата и државата биле одвоени кога Бразил станал република на крајот од претходниот век, а на статуата гледале како на начин за враќање на Рио како христијански град (тогашен главен град на Бразил). Првиот предлог бил бронзена статуа, на влезот од крајбрежјето на Гванабара. Но, потоа било одлучено за друга локација и дизајн во кој статуата ќе се издигнува кон сонцето. Првично се планирало Исус да носи голем крст во едната рака, а во другата да го држи небесниот свет, но таа идеја била исмејувана. На крајот се дошло до идејата за видлива статуа дури од центарот на градот, силно, масивно, бетонско здание. Завршниот дизајн го креирал Пол Ландовски, француско-полски скулптор.

За време на Карневалот во Рио се спроведува улична забава наречена „Пазувата на Христос“. Групи танцувачи играат самба на улиците носејќи маици со сликата на Исус.

Покрај религиозната инспирација за статуата, таа не е секогаш гледана како ексклузивно религиско светло. Се смета и за споменик на науката, уметноста и религијата. Се работи за религиозен симбол, но и културолошки симбол на Бразил – отворените раце означуваат топло добредојде за оние што доаѓаат во градот. Тоа најмногу е искажано во песната од 1969 година на еден од најпознатите пејачи од Бразил, Жилберто Жил, „Таа прегратка“:
|
„Здраво, Рио де Жанеиро – таа прегратка!

Бразилските луѓе – таа прегратка!“
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот