X
 23.08.2017 Култура

Фотографии на социјалните мрежи што кријат тајна

Патувањето е искуство со кое го истражувате светот, среќавате нови луѓе, учите за различни култури и нормално, правите неверојатни фотографии на „Инстаграм“ за да се пофалите пред пријателите.

Нашата желба да ги направиме љубоморни пријателите со нашите авантури во странство е причината зошто ова место во Бразил станало туристичка атракција.

На повеќе од 350 метри висина, Педра до Телеграфо, што се наоѓа во Педра Бранка паркот во Рио, нуди прекрасен поглед од прекрасниот бразилски брег. Меѓутоа, не ги привлекува погледот посетителите што се качуваат на врвот, туку шансата да направат храбра фотографија на работ од оваа карпа - и се чини дека посетителите се обидуваат да се надминат едни со други.

 
Изгледаат нереално, нели? Бидејќи и се нереални. Нека не ве лажат овие навидум храбри патници бидејќи оваа туристичка атракција е една голема, убава лага. Станува збор за паметно наместен агол на камерата и малку имагинација.

 
 

A post shared by Rio de Janeiro 🔆 (@topofrio) on

 

Во реалноста, каменот не е толку висок - всушност, не е воопшто висок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура