X
 13.07.2018 Култура

Британија ја отвора првата фабрика за селфи




Велика Британија е позната по Биг Бен, музејот „Мадам Тисо“, Пикадили, црвениот даблдекер, Бакингемската палата, Вимблдон, а од август годинава ќе стане позната и по првата фабрика за селфи-фотографии во светот.

Се работи за музеј каде што фотографирањето не само што ќе биде дозволено туку тоа ќе му биде и единствената намена.


Девојки си прават селфи
(Фото: Pixabay)


Се работи за музеј каде што фотографирањето не само што ќе биде дозволено туку тоа ќе му биде и единствената намена.

Изложбата со наслов „Фабрика за селфи“ што ќе се отвори во Брајтон претставува ново поп-ап искуство и има потенцијал да стане светска сензација. Фабриката ќе ги отвори портите за корисниците на „Инстаграм“ на 23 август, кои ќе можат да уживаат во магијата на селфи-фотографиите една недела.

Изложбата ќе содржи десет единствени опкружувања. Од шарени соби со топчиња до огромни кугли, ѕид со крофни и тунели со конфети, посетителите ќе имаат доволно простор да направат совршени фотографии.

Овој претприемачко-уметнички концепт потекна од три млади девојки кои оваа идеја ја пренеле од Лос Анџелес во Велика Британија. Изложбата има тенденција да стане светска атракција, пишува британскиот „Метро“.

Креаторките на идејата ги искористиле основните навики на милениумците за реализација на овој концепт.

„Луѓето споделуваат сè повеќе фотографии, а понекогаш одат и предалеку за да направат совршена фотографија“, вели директорот на Фабриката за селфи, Вил Боверс.

„Нашата цел е да создадеме опкружување каде што секој може да дојде, убаво да си помине и да се врати со фантастични фотографии, со кои може да им се фали на пријателите“, истакна тој.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура