Фото: Reuters
Не им е страв ниту од Америка, ниту од Британија, ниту од Русија, меѓутоа, упатија извинување кога ја нападнаа оваа земја.
Борците на ИД упатија извинување откако ги нападнаа израелските војници, открива Моше Јалон, поранешен министер на Израел, мислејќи на инцидентот во кој група поврзана со ИД разменила оган со израелските сили во Сирија.
Оваа област Израел насилно ја окупирал во текот на Шестдневната војна во 1967 година, а подоцна ја анектирал, меѓутоа, овој потег Меѓународната заедница никогаш не го признала.
„По кратката борба со оружје, во која ИД отворила оган во северниот град Алуфи, израелската војска ја нападнала сириската џихадистичка група, убивајќи четворица. Ова бил првиот директен судир помеѓу израелските сили и милитантите на ИД, поради кој ИД за брзо време се извинила“, изјави тој.
Единствени што се плашат
Израел е единствената држава во светот од која се плаши ИД, тврди Јурген Тоденхофер, новинар кој успеал да влезе на територијата на оваа група и да преживее. Тој поминал 10 дена во таканаречената „Исламска држава“ во 2016 година, а своите сознанија за ИД ги објавил во својата книга.
Германскиот новинар вели дека Израел е единствената соседна држава на ИД од која оваа група се плаши, и која ИД не ја вклучила во првата фаза на својот план за колонизација на Блискиот Исток.
„Ми беше кажано дека израелската војска е премногу силна за нив. Не им е проблем да ги победат американските или британските воени сили, за кои велат дека немаат искуство со градските герилски или терористички стратегии, но знаат дека Израелците се одлични на ова поле“, вели Тоденхофер.
ИД неколку пати им има упатено закани на
Израел и на Евреите во нивните пропагандни видеа, велејќи дека нема да остане ниту еден Евреин во Ерусалим.