X
 10.10.2019 Живот

Премногу се плашиме од тоа што ќе кажат другите! Треба да работиме на себе, вели психологот Ивана Хаџиванова

Македонците полека го надминуваат срамот да побараат психолошка помош кога имаат потреба за тоа, особено во последните неколку години. Свесноста се зголемува, вели м-р Ивана Хаџиванова, психолог и психотерапевт, па луѓето сè повеќе си бараат професионална психолошка поддршка и помош. Но, сè уште треба заеднички да се работи на дестигматизацијата и кршење на табуто, и тоа повеќе во помалите градови.
Возрасните, според нашата соговорничка, посетуваат психолог и психотерапевт од многу различни причини, а најчести се анксиозноста и паничните напади, како и тешкотијата при справувањето со хроничниот стрес во секојдневието, но и за акутните стресни реакции и траумите, депресивноста, загубите и процесите на тагување при смрт на близок, зависности, растројства во исхраната, растројства во спиењето, тешкотии во приспособувањето, тешкотии во донесувањето големи животни одлуки, долготрајно животно незадоволство, ниска самодоверба...

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот