Фото: Flickr
Добивањето зелена карта е комплициран и збунувачки процес. Службата за државјанство и имиграција на Америка сега го прави дополнително потежок, додавајќи лично интервју за двата вида зелена карта.
Дополнителното барање за лично интервју почнува од 1 октомври 2017 година и ќе се применува на следните типови зелени карти:
- Апликациите врз основа на вработување (образец I-485, Апликација за пријавување на постојан престој или приспособување на статусот).
- Петиции за бегалци/азиланти (образец I-730, петиција за бегалци/азиланти) за корисници што се во Америка и поднесуваат петиција за придружување на главен апликант за азил.
Канцеларијата спомена дека се планираат проширени
интервјуа во иднина, така што доколку планирате да вадите зелена карта, имајте на ум дека процесот ќе биде значително подолг.