X
 05.10.2018 Економија

Десетте најбогати луѓе во полето на финансиите во Америка

Магазинот „Форбс“ ја објави листата со милијардери во Америка. „Бизнис инсајдер“ ја намали листата на првите 10 луѓе во полето на финансии, во кое беа вклучени инвестициите, тргувањето, хеџ-фондовите и менаџментот со пари.

1
Фото: Getty Images


Ова се најбогатите:

10. Филип Аншутц


Нето-вредност: 11,3 милијарди долари
Возраст: 78 години

Милијардерот Филип изгради богатство преку многу сектори: недвижности, спорт, забава, нафта. Моментално се обидува да ја изгради најголемата фарма на ветерници во Вајоминг.

9. Дејвид Тепер

Нето-вредност: 11,6 милијарди

Возраст: 61 година

Тепер го основал својот хеџ-фонд „Апалоса менаџмент“ во 1993 година и сега управува со 15 милијарди долари.

8. Стив Коен


Нето-вредност: 13 милијарди долари

Возраст: 62 години

Со години Стив Коен управувал со „САК Капитал“, еден од најуспешните хеџ-фондови. Тој бил принуден да ја затвори компанијата, па ја лансирал „Поинт72 Асет менаџмент“. Сега управува со 13 милијарди долари.

7. Стивен Шварцман


Нето-вредност: 13,8 милијарди долари.

Возраст: 71 година

Стивен ја основал „Блекстоун“ во 1985 година покрај Пит Питерсон. Сега, најголемата приватна фирма во светот, управува со 439 милијарди американски долари во средства.

6. Карл Ајкан

Нето-вредност: 16,3 милијарди долари

Возраст: 82 години

Карл Ајкан изгради кариера од агитирање на потценетите и лошо управуваните компании. Од основањето на неговата инвестициска фирма во 1968 година, Ајкан стана еден од најмоќните луѓе во полето на финансиите.

5. Абигаил Џонсон

Нето-вредност: 17,3 милијарди

Возраст: 65

Абигаил станала главен извршен директор на „Фиделити инвестментс“ од 2014 година, кога ја презела компанијата од нејзиниот татко.

4. Реј Далио


Нето-вредност: 18,1 милијарди долари

Возраст: 69 години

Хеџ-фондот на Реј Далио, „Бриџватер асошиејтс“, е најголемиот во светот и менаџира со портфолио од 160 милијарди во глобални инвестиции.

3. Џејмс Симонс


Нето-вредност: 20 милијарди долари

Возраст: 80 години

Пред револуционизирањето на хеџ-фонд инудстријата со неговиот математички пристап, Џејмс работел дешифрирајќи кодови за американскиот оддел за одбрана за време на Виетнамската војна. Седнал на чело на одделот за математика и во 1978 година одлучил да замине за да започне своја компанија.

2. Томас Питерфи

Нето-вредност: 20,2 милијарди долари

Возраст: 74 години

Томас се смета за таткото на модерното тргување. Тој ја основал неговата компанија „Интерактив брокерс“ во 1993 година. Познат е по неговата жестока опозиција кон социјализмот.

1. Ворен Бафет

Нето-вредност: 88,3 милијарди долари

Возраст: 88 години

Ворен почнал со неговата кариера во инвестиции уште на рана возраст. Како дете доставувал весници со неговиот велосипед. Бил одбиен од Бизнис-школата на „Харвард“, па затоа отишол во Бизнис-школата во Колумбија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија