X
 13.01.2017 Забава

Математичка загатка за деца која ги збунува и возрасните

Дали сте попаметни од дете на возраст од шест години?

Има многу голема шанса да сте попаметни, но само ако одговорите на следново математичко прашање.

Интересната загатка збунила многумина, откако  била објавена на социјалните мрежи, од страна на семејството Холдернес. Тие го споделиле математичкото прашање со наслов : „Интернет пријатели : решете ја оваа домашна задача за прво одделение #showyourwork #mybrainhurts.”

Загатката вклучува слика со неколку букви распоредени во одреден шаблон и бара од децата да ја пронајдат буквата која недостасува.

Според најголемиот број коментари на социјалната мрежа „Facebook“ , одговорот е : J=14, односно одговорот е всушност комплексно математичко прашање кое бара замена на букви со броеви. Ја земате вредноста на S, B, и G и ги додавате за да добиете 40. Потоа ги заменувате вредностите на B и P од 40. Тоа остава разлика од 14, што е буквата J.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава