Истражувачите откриле дека ако ѕвезда која поминува покрај нашиот Сончев Систем ја помести орбитата на Нептун за само 0,1 отсто, тоа би резултирало со пандемониум.
Мало поместување во надворешната орбита на планетата може да предизвика другите планети да се удираат една од друга или целосно да бидат исфрлени од Сончевиот Систем.
Според еден труд објавен во списанието „Нотисес оф ројал астрономика сосајети“, соседната ѕвезда која е блиску до нашиот Сончев Систем може да предизвика таков хаотичен настан.
Симулациите посочуваат дека ѕвездата што ќе прелета ќе треба само да ја придвижи позицијата на Нептун за трипати од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето за да ги наруши планетите.
Една од можните појдовни точки за нестабилноста на Сончевиот Систем е најмалата од планетите, Меркур. Перихелот (најблиската точка на орбитата на планетата околу Сонцето) на Меркур се движи за околу 1,5 степен на секои 1.000 години, што е многу блиску до онаа на Јупитер.
Кога двете би биле во синхронизација, постои 1 отсто шанса Меркур да биде извлечен од орбитата или да биде исфрлен од Сончевиот Систем, или да се судри со Венера, Сонцето или дури и Земјата во текот на следните три до четири милијарди години.
Меркур е премногу блиску до Сонцето за да ги почувствува овие ефекти, но Нептун би го почувствувал тоа, а нарушувањето би се разбранило низ Сончевиот Систем.
Тимот извел 2.800 симулации, при што во 960 случаи имало пречки кои биле премногу мали за да се измерат. Но, во четири случаи Меркур ја погодил Венера.
Во преостанатите 1.920 модели, 26 завршиле со удар на планетите една во друга или Уран, Нептун или Меркур биле целосно исфрлени.
Но, сè уште нема потреба од паника бидејќи тимот проценил дека шансата ѕвездата да се приближи доволно за да го предизвика ова е многу мала - само околу 20 шанси во следните 100 милијарди години.