Анкетата спроведена врз 50 добитници на Нобеловата награда од областите физика, хемија, психологија, медицина и економија дава десет заеднички предвидувања за крајот на човештвото.
Третина од нив веруваат дека пренаселеноста ќе го уништи животот каков што го знаеме. Осумнаесет нобеловци како најважна причина го наведуваат уништувањето на животната средина, главно предизвикано од климатските промени.
„Климатските промени и недостигот на храна и вода за пиење се сериозни проблеми со кои се соочува човештвото. Науката е потребна за решавање на овие проблеми, но потребна е и едукација на јавноста за да може да се дејствува и на политичко ниво.“
Како втора потенцијална закана се наведува нуклеарна војна (23 проценти, односно 12 нобеловци го имаат ова мислење). Се верува дека Северна Кореја ќе ја активира и шестата ракета. Зголемените тензии меѓу оваа држава и меѓународната заедница можат да бидат одговорни за почнување нуклеарна војна.
Како трета закана за човештвото се наведуваат инфективните болести и отпорноста на лекови. Ова е мислење на четворица нобеловци.
Според Светската здравствена организација, отпорноста на антибиотици е една од најголемите закани за глобалното здравје и безбедноста на храната.
Ист број нобеловци сметаат дека себичноста и неискреноста ќе бидат погубни за луѓето. На петтото место се посочени необразованите лидери, тероризмот се најде дури на шесто место според мислењето на научниците. На седмо место се незнаењето и искривувањето на вистината, потоа вештачката интелигенција, а потоа нееднаквоста.
Страв од нова дрога која би можела да го уништи општеството е десеттата закана, и такво мислење изложи еден нобеловец.
Исто така, 40 проценти од нив веруваат дека популизмот и политичката поларизација се закани за научниот напредок, пишува
Indy100.
„Човечкиот вид има успех во претворањето на светот во подобро место за живеење. Би биле осигурани кога луѓето би населувале повеќе планети, и науката очигледно има голема улога во тоа“, изјави еден од испитуваните научници.