X
 05.10.2020 Наука

Мапа покажува кои места треба први да се заштитат за да се спречат климатските промени

Во моментов националните паркови и другите заштитени предели опфаќаат нешто повеќе од 15% од земјата во светот. За да се зачува планетата од разорните ефекти на климатските промени и загубата на природните живеалишта, тој процент треба да биде околу 50, покажува нова анализа објавена во „Сајенс адвенсес“.

Истражувачите работеле две години на идентификување на најважните региони што мора да се заштитат за да се забави глобалното затоплување и да се зачуваат растенијата и животните на Земјата. Тие ги поделиле овие места на 5 категории - места на кои има ретки видови, области со висока биолошка разновидност, големи предели на цицачи, недопрени диви предели и области за стабилизација на климата.


Истражувачите потоа создале интерактивна мапа за да може самите да ги истражувате регионите.

Светлосините пространства се области за стабилизација на климата кои се добри за складирање на јаглероден диоксид. Бидејќи луѓето создаваат големи количества јаглероден диоксид, клучно е да ги зголемиме шумите и пасиштата за да може да го забават глобалното затоплување. Регионите со висока биолошка разновидност и местата со ретки видови се темнозелени и розови, соодветно. 


Фото: Screenshot

Како што може да се види на мапата, во Македонија има региони со висока биолошка разновидност, особено во западниот дел, но има и области со ретки видови. Во јужниот дел од земјата има региони (обоени со светлосино) што се недопрени, а во западниот има региони за климатска стабилизација.

Интерактивната мапа може да ја најдете тука.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука