X
 16.05.2019 Живот

Затворот не ги одвраќа престапниците од правење нов прекршок

Американскиот казнен систем претпоставува дека престојот во затвор е доволно лош за да ги одврати луѓето осудени за одреден криминал да го прекршат законот повторно. Но, има нови докази дека времето поминато во затвор не ги спречува идните прекршоци како што се претпоставува.

Тоа е резултатот од една студија објавена во понеделникот во списанието „Нејчр хјуман бихејвиор“. Во неа научници од САД анализирале случаи на 111.110 престапници и откриле дека немало врска меѓу отслужувањето на затворската казна и подоцнежното правење прекршоци.

Откритието дека минувањето време во затвор не ги одвраќа криминалците од повторно прекршување на законот можеби значи дека американскиот затворски систем е зрел за генерален ремонт, пишуваат тамошните медиуми.

Истражувачите забележале пад во повторувањето на прекршоците по првата пресуда. Забележливо е што повторените прекршоци се намалиле за речиси 10 отсто кај луѓето што биле испратени во затвор, во споредба со оние што условно биле ослободени.

Како и да е, падот постои додека луѓето сè уште биле во затвор - не можеле да бидат осудени за второ насилно кривично дело затоа што сè уште биле зад решетки за првото.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот