Фото: Screenshot/Youtube
Во Австралија по вторпат е повлечена епизода од цртаниот филм „Прасето Пепа“ по обвинението дека кај децата создава погрешна слика за пајаците. Спорната епизода на децата им кажува дека пајаците не се опасни и дека едноставно може да се земат в раце и да се игра со нив.
Иако ова се чини добар начин за преовладување на стравот што кај повеќето луѓе е неоправдан, овој совет во Австралија е навистина опасен.
Во 2012 година Еј-би-си ја отстрани епизодата „Господин Слаби Нозе“ од својата интернет-страница поради погрешната порака дека пајаците се пријателски расположени и безопасни. Таткото Прасе на Пепа ѝ вели дека пајаците се многу, многу мали и дека не можат да ја повредат. Потоа Пепа и нејзиниот брат Џорџ весело си играат со пајакот. Сепак, епизодата била случајно објавена поради технички проблеми.
Австралија е полна со опасен вид пајаци
Во Австралија не сите пајаци се мали и мирољубиви. Меѓу најопасните се пајакот редбек и пајакот вајт теил. Се проценува дека годишно има околу 2.000 случаи на каснати луѓе од пајакот редбек. Податоците објавени во јануари покажале дека повеќе од 12.000 луѓе биле хоспитализирани во периодот од 2000 до 2013 година поради каснување од пајак.
Минатата година пајакот хантсмен беше вистинска интернет-сензација. На видеото е прикажано како овој
пајак се качува по фрижидер и со себе влечка глушец. Иако изгледа навистина страшно, овој пајак не е опасен за луѓето.