Веројатно не би се посомневале во безбедноста на домејнот на популарните и сигурни пребарувачи како што е Google, бидејќи безусловно им верувате.
Но, можеби треба да бидете претпазливи!
Пред неколку недели, The Next web забележаа нешто чудно во еден од домејните на Google Analytics за нивниот сајт: спам што им сугерираше да гласаат за Доналд Трамп. Чудното е што домејнот беше ɢoogle.com.
Ако забележувате, разликата во URL адресите е во почетната буква G, која во домејнот на лажниот пребарувач е многу помала од таа на оригиналниот
Google.
Помалата почетна буква G, всушност е
unicode карактер за латиничната мала буква G.
Спамираните домејни често користат карактери што изгледаат како нормалните, со цел да профитираат на мал-но-значаен број корисници кои несвесно ќе го кликнат или ќе го напишат домејнот.
Очигледно, спамерите се појавиле на Analytics на страниците на различни веб-сајтови. Според Analytics Edge, целта на спамерите е да создадат лажен сообраќај што ќе им послужи како „мамец за кликање“ на овие веб-страници. Посетата на ваквите сајтови може да биде многу ризична, бидејќи огромна е веројатноста дека ќе „закачите“ некој вирус.
За да се ослободите од ваквите спамови, консултирајте ги инструкциите што ги нуди Google Analytics.