Водечките невролози тврдат дека употребата на паметни телефони доведува до тоа да не помниме детали. Истражувањето спроведено од колеџот „Линколн“ при Универзитетот „Оксфорд“ покажува дека помнењето на имиња и податоци повеќе не е толку важно бидејќи сè ни е достапно на паметните телефони.
Научникот Сузан Гринфилд истакнува дека порастот на користењето технологија ја намалува потребата денешните генерации да пронаоѓаат решение на проблемите и да го акумулираат знаењето.
Способноста на мозокот да складира податоци е намалена поради недостиг на пракса. Времето потрошено на екранот го заменува времето што го поминуваме учејќи, играјќи и дружејќи се со луѓето од реалниот свет.
Гринфилд го напаѓа растечкиот тренд на префрлување на размислувањето на паметните телефони. Таа смета дека релативната промена на технолошката зависност од
информации може да има влијание врз тоа како рутински се извлекуваат заклучоци од сложени аргументи.