X
 27.02.2017 Живот

Што се случува кога нарцисите стануваат родители?

Нарцизмот е особина која се карактеризира како недостаток на емпатија, зголемено ниво на грандиозност и хронично барање на восхитување и признавање од другите.


Таа карактеристика е дел од човекот, но е и стандардна фаза во развојот на адолесцентите и младите. Но, кога нарцизмот ќе преовладее во секојдневното функционирање на човекот, тогаш станува збор за нарушување во карактерот. Нарцисите веруваат дека се уникатни и доследни на посебен третман. Но, што се случува кога нарцисите стануваат родители?

Родителите нарциси реагираат на еден од двата начина. Некои го губат интересот за своите деца и бараат друг избор за валоризација. Други пак, ги гледаат децата како одраз на самите себе и се премногу инволвирани во креирањето на нивниот карактер и сакаат се да имаат под контрола. Во двата случаи, немањето конекција со децата е најголемиот проблем.

Нарцисите родители имаат високи очекувања од своите деца и ги форсираат да се бават со спорт, да бидат најдобри на училиште, да посетуваат реномирани универзитети и да градат успешни кариери. Тие веруваат дека нивните деца се посебни и заслужуваат посебни можности и привилегии. Не толерираат ништо помалку од совршеност.

Но, на децата им се потребни родители кои се постојани, стабилни и достапни. Кога децата тоа го немаат, тогаш настапуваат психолошки проблеми, кои често резултираат со депресија, анксиозност, ниска самодоверба и слично.

Нема конкретна формула со која ќе може да се одреди кој ќе стане нарцис или како одредено дете би реагирало кога би било израснато од нарцис. Но, експертите тврдат дека кај тие деца често се појавува сомневање и несигурност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот