X
 15.09.2017 Наука

Предизвик вреден 5 милиони долари - можете да го решите?

проблем
Фото: Screenshot/YouTube

Шведскиот милијардер Ласло Зомбатфалви, основач на Фондацијата за глобални предизвици, планира да го награди 5 милиони долари оној кој ќе успее да ја реши моменталната, доста заплеткана ситуација во однос на светските случувања.

Во неговата изјава објавена на веб-страницата на Фондацијата, на светот му се потребни нови идеи и филозофии за уредување на држава, што ќе ја извлечат целата планета од проблемите кои немаат крај, а за решавање на причините можеби и е и предоцна.

Наградата ќе биде доделена на оној поединец, група, универзитет, компанија или здружение од било кој дел од светот, кој ќе предложи најдобро алтернативно решение за модел на државно уредување, без разлика на тоа дали предлогот ќе биде нешто како „поправен испит“ за веќе постоечките уредувања или целосна нова реформа за досегашните познати модели на државно уредување.

Новиот модел мора да биде јасен, јасно да ги дефинира проблемите и да укажува во која сфера на уредување би требало да се направат промените и кои промени би биле тие - некои од проблемите на кои самата Фондација укажува се климатските промени, преголемата населеност, зголемувањето на бројот на жители во одредени делови во светот и сиромаштијата.

Доколку сакате да земете учество и да дадете ваш предлог, тоа можете да го направите ТУКА. Апликациите и решенијата треба да се достават до 30 септември 2017 година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука