Десетина илјади бруцоши денеска го следат првиот академски час на нашиот најголем најголем универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски ќе присуствува на свечениот прв академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а потоа и на Факултетот за земјоделски науки и храна.
– Обраќајќи им се на студентите на овие два факултета, ректорот Јанкуловски симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - соопшти УКИМ.
Во Конкурсот за учебната 2017/2018 година беа слободни вкупно 10.818 места за студенти на прв циклус студии: 5865 за редовни студенти, 3793 места за редовни со кофинансирање на студиите и 1160 за вонредни студенти.